Кривична за турски државјанин кој фалсификувал пасош

Осомнитените изработувале бугарски пасоши кои потоа ги продавале на лица кои сакале да патуваат во ЕУ

Кривична пријава и условна затворска казна заработи турски државјанин кој се обидел да ја напушти државата со фалификуван пасош.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пред четири дена на аеродромот „Александар Велики“ при пасошка контрола 30-годишниот Д.О. турски државјанин приложил фалсификувана патна исправа.

Од страна на Основен суд Скопје изречена му е казна затвор во траење од две години, условно за пет години да не стори кривично дело. На истиот му е изречена забрана „протерување од земјата во траење од 10 години“.