Кривичната против Димитриевски пристигнала во кумановското обвинителство

Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска пристигнала во Основното јавно обвинителство Куманово, потврдија од Јавното обвинителство.

Обвинителството ја распределило пријавата кај надлежен обвинител за понатамошно постапување. Оттаму додаваат дека обвинителството ќе преземе дејствија во насока на проверка на наводите од кривичната пријава.

СВР Куманово ја поднесе крвичната пријава до Обвинителството по член 206 од Кривичен законик за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.