Кривични пријави за три лица во Кавадаречко за непочитување на мерките за самоизолација

52

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против три лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници било констатирано дека Г.В.(42) од кавадаречкото село Возарци, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Како што соопштија од МВР, поднесена е кривична пријава и против Б.С.(45) од село Сирково, општина Росоман, затоа што на 19.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против и А.Н.(47) од село Сопот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.03.2020 во село Сопот, при проверка од полициски службеници во домот на пријавениот, било констатирано дека иако на 17.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.