Кривични пријави за Стружани кој нелегално сечеле дрва

ПС Струга поднесе кривична пријава против лицата М.С.(23), Ш.А.(24) и Е.С.(36) сите од село Лабуништа, струшкото поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „пустошење на шума“ и „кражба на дрва“.

Пријавените, на 11.10.2014 година кај местото „Голем равен“ атар на Лабуништа биле затекнати во вршење нелегален транспорт на дрва со 11 коњи на кои биле натоварени по 1,7 м3 нежигирано огревно буково дрво, една секира и една моторна пила.

Заедно со нив, во нелегалниот транспорт со коњи учествувале и две малолетни лица. На местото на настанот, во присуство на шумски полицаец извршен е увид при што е утврдено дека во државна шума исечени се околу 300 стебла букови дрва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.