Кривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(39), И.С.(56), В.Ч.(57), Н.С.(53), Н.С.(31), сите од Битола и против ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“ и против М.Ш.(50), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавеното лице, во својство на одговорен шумарски инженер и претседател на управниот одбор на јавната установа, заедно со второ, трето, четврто и петтопријавениот извршиле сеча на зимзелена шума во заштитено подрачје – национален парк, и тоа вкупно 109 стебла молика и ела, со вкупна количина од 168,63 метри кубни, како и необележани 56 стебла молика во количина од 75,79 метри кубни и шест стебла ела во количина од 13,19 м3.

Додека, М.Ш., во својство на одговорно лице – директор во јавната установа, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности со тоа што не извршил должен надзор врз горепријавените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.