Кривични за крадци на вредни предмети од автомобили и станови

Три лица од Скопје заработија кривична пријава за тешки кражби бидејќи подолго време обивале автомобили и краделе вредни предмети од станови.

Четириесетгодишните Р.Х., Р.К. и Н.Р. сите од Скопје, во период од јули минатата година до фверуари оваа, на подрачјето на Центар обивале автомобили по што краделе вредни предмети, додека во Карпош и Чаир краделе од станови.

Во сите случаи тие земале пари, компјутери, мобилни телефони и други вредни предмети по што ги продавале.

Полицијата им одреди мерка притвор во траење од осум дена.