Кривични за петмина осомничени за пожарот кај Велес со катастрофални последици

Со наредба на Јавното обвинителство во Велес проширена е истрагата за пожарот во кој изгореа 400 хектари шума над езерото Младост. Освен четирите лица кои веќе ги уапси полицијата, истрагата ќе го опфати и одговорниот на градежната компанијата, како и самата фирма која ангажирала градежни работници за извршување на работи во регионот. Тужбите се однесуваат на предизвикување тешки кривични дела за општата безбедност, а казната може да биде и 10 години затвор.

Во Кривичниот законик се вели:

„Ако поради делото од членовите 288 ставови 1, 2 и 3 , 289 став 1, 290 ставови 1 и 2 и 291 став 1 настапи тешка телесна повреда на некое лице или поголема имотна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.“

За фирмата се предвидува парична казна. Обвинителот бара притвор за одговорното лице на компанијата и за вработениот кој работел со машината која го предизвикала пожарот. На другите двајца им беа изречени мерки на претпазливост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.