Кривична пријава и притвор за скопски разбојник

Кривична пријава и затворска казна заработи 36 годишен скопјанец. Д.Б. се товари дека извршил четири кривични дела ,,тешки кражби на дрзок начин“. Исто така, кривична пријава е поднесена и против едно засега непознато лице за извршено едно кривично дело ,,тешка кражба на дрзок начин“.

Кривичните дела горепријавените ги извршиле во временскиот период од 7-ми октомври до 10-ти ноември годинава, (три на подрачје на Кисела Вода и една на подрачје на Аеродром) со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 57.700 денари.

Првото кривично дело горепријавените го извршиле заедно на тој начин што додека истите се движеле со автомобил „Шкода Фелиција“ без регистерски таблици и откако ја забележале оштетената како се движи по улицата, второпријавеното лице возејќи го возилото и пришол од десната страна, а Д.Б. ја испружил раката преку отворениот прозорец и ја грабнал чантата која оштетената ја носела и во која имало мобилен телефон, лични документи и банкарски картички по што со возилото избегале во непознат правец. Со банкарската картица од банкомат првопријавениот се обидел да извади парични средства, при што не успеал во намерата и истата ја скршил и ја фрлил во шахта во непосредна близина на банката.

Останатите три кривични дела Д.Б. ги извршил сам на тој начин што движејќи се со автомобил „Шкода Фелиција“ со извадени регистарски таблици ги забележувал оштетените како се движат по улицата, им приоѓал од десната страна, ја испружувал раката преку отворениот прозорец и им ги грабал чантите по што со возилото го напуштал местото на настанот. Откако ќе извршел пребарување во ташните одредени предмети ги земал, а останатото го фрлал во контејнер. Првопријавениот во еден случај забележал дека на една од картиците е запишан и ПИН кодот ја зел картичката и од банкоматот и во два наврати извадил парични средства кои ги потрошил за свои потреби.

Во текот а 12-ти и 13-ти ноември годинава во ПС ОН Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.Б. во кој разговор истиот го појаснил начинот на извршувањето на кривичните дела, а се преземат оперативно тактички мерки за пронаоѓање на второто засега непознато лице.

Инаку Д.Б. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти („кражба“,„разбојништво“) и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај („загрозување на безбедноста на сообраќајот“).