Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Радовиш

Кривична пријава поднесе радовишката полиција против Сашко Николов, поранешен  градоначалник на општината, кој во јули 2017 потпишал налог за користење патнички автомобил „пежо 528“, сопственост на општината, на физичко лице кое не е вработено во локалната самоуправа за пат до Чинарџик, Република Турција и обратно.

На 22 јули физичкото лице со возилото предизвикало сообраќајна незгода во Турција, со што била причинета материјална штета  на патничко возило „форд“ во висина од 43.000 денари. По пристигнувањето во Македонија возилото „пежо–528“ веднаш било однесено на поправка за што било платено на рака 10.000 денари. Подоцна, било утврдено и друго оштетување  на возилото во висина од 20.487 денари, кое сѐ уште не е санирано.

На тој начин пријавениот нанел штета на буџетот на општина Радовиш во висина од 63.750 денари.