Кривична пријава за жител на Кавадарци за пушка и два куршуми

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривичнa пријавa против Ѓ.М. (57) од село Ваташа, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 22.03.2019 година во 10,20 часот по преземени мерки, од полициски службеници, пријавениот предал пушка „ИЖ“ калибар 16, два куршуми, кои ги поседувал без соодветна дозвола.