Кривична за четворица вработени во Министерството за Економија

Четворица вработени во Министерството за економија ја злоупотребиле службата и незаконски доделиле лиценца за вршење на угостителска дејност, информираат од СВР Струмица.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи на Гевгелија до ОЈО Струмица, против Џ.К (36), А.К (43), Б.Х (36) од Скопје и Ш.Х(60) од Тетово поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување.

Пријавените на 22 декември 2016 година во службените простории на јавмната установа Министерство за економија, како службени лица, наместо да го зашитат интересот на законите, ја злоупшотребиле слуижбената положба и овластување и на правно лице од Гевгелија му издале лиценца за вршење на угостителска дејност без комплетна документација и одобрение од надлежен орган, изјави Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица.

Таа додаде дека осомничените нанеле штета на честа и угледот на институцијата во која работат, на буџетот на  Општина Гевгелија и на буџетот на Македонија.