Кривична за малолетници кои се обиделе да убијат момче

СВР  Тетово поднесе  кривична пријава против двајца 16-годишници од село Теново и против еден 15-годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

-Пријавените на 6-ти ноември минатата година околу 18:30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово физички нападнале  еден 17-годишник.  Притоа, едниот 16-годишник му задал удар со нож во пределот на стомакот на оштетениот, по што тој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, информираат од полицијата.

Подоцна, 16-годишникот со неговата мајка се пријавил во Полициската станица Тетово,  каде што го предал ножот.