Кривична за убиецот од Мала Речица

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(53) од тетовска Мала Речица, осомничен за убиство на својата сопруга, завчера во Мала Речица. Освен за убиство, А.К. се товари за убиство во обид како и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Според полицијата, осомниченииот денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка при Основен суд Тетово. Убиецот беше уапсен вчера во тетовско село, откако по убистото избега со својот автомобил.

А.К. завчера околу 23 часот ја застрелал својата сопруга Х.К.( 52 ) пред куќата на нејзините родители, по што се обидел да го убие Р.Џ.( 50 ), таксист од Мала Речица.

Мотивот за убиството не е познат, но според неофицијални информации, А.К. сметал дека сопругата му е неверна и дека го изневерувала со таксистот.