Криза во Грција, премиерот и Црквата се искараа околу платите на поповите

Премиер од левица и атеист, се соочува со свештенство поддржано од конзервативната десница: нова политичко-верска војна ѝ се заканува на православна Грција, околу односот на црквата и државата.

Епископот Хрисостомос од Месинија, отворен критичар на договорот помеѓу премиерот Алексис Ципрас и Архиепископот Јероним да се ослабат врските меѓу црквата и државата, предупреди за „грд развој“ на настаните, доколку владата презеде унилатерална акција да го наметне договорот, пренесе Екатимерини.

Со планот се предвидува дека приближно 10.000 попови ќе престанат да се изедначуваат со државните службеници. Тие и понатаму ќе примаат плата од нов посебен јавен фонд со буџет од 200 милиони евра годишно.

Во земјата со големо православно мнозинство каде уставот се прогласува во името на Светото Тројство, тој план заеднички е претставен од страна на премиерот Алексис Ципрас и поглаварот на Црквата, митрополитот Амвросиј.

Првиот грчки лидер, кој положи заклетва на честа, а не на Црквата, и кој не дошол пред црковните великодостојници со сопругата, Ципрас, се пофали со „историски договор“ почитувајќи го духот на своите изборни ветувања, дека ќе ја оддели црквата од државата.

Најавените финансиски промени ќе бидат пропратени со ревизија на уставот поставувајќи „верска неутралност“ на државата, а не повеќе православната вера за„доминантна религија“ во земјата. Ципрас сака уставните промени да вклучуваат и отфрлаљњ на верските елементи од заклетвата на пратениците.

Овие промени беа отфрлени од страна на Светиот Синод во петокот.