Кризата не и’ се заканува на евро зоната, туку на Русија

Гледајќи само од финансиска перспектива, кризата во Украина не би требало да има големо влијание на евро зоната, смета претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги.

Но, според него, кризата претставува закана за Русија и околните земји.

„Доколку на ситуацијата во Украина гледаме само од технократски агол и доколку го анализираме обемот на трговијата, услугите, финансиските услуги и тековите на капиталот, гледаме дека врските не се толку силни за да дојде до поголемо прелевање на кризата од тој регион“, рекол Драги.

Но, како што смета тој, влијанието на кризата врз Русија и земјите кои се граничат со таа земја и Украина е многу сериозно.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.