Кризата во Црвеното Море ќе ја зголеми цената на храната

Блокадата на Хутите на водните патишта преку теснецот Баб ал-Мандаб и Црвеното Море ја нарушува глобалната трговија со храна, предизвикувајќи раст на цените.

Блокадата на теснецот Баб-ел-Мандаб и Црвеното Море од страна на Хутите има негативно влијание врз глобалната трговија со храна. Трошоците за изнајмување на брод за патување по оваа рута се речиси четирикратно зголемени, додека товарниот сообраќај е намален за 30 отсто.

Најголемите светски бродски компании одбиле да испорачуваат стока преку Црвеното Море. Тоа ги наруши воспоставените синџири на снабдување. Сопствениците на карго се принудени да користат кружна рута, испраќајќи бродови околу ‘Ртот Добра Надеж да патуваат меѓу Азија и Европа. Овој пат е 8.000 километри подолг и трае 10-14 дена повеќе, а цената купувањето дополнително гориво ги зголемува трошоците во просек за 15 отсто. Како последица на тоа, цената на храната расте. Ова резултира со инфлација на храната и намалена достапност на прехранбените производи за крајниот потрошувач.

По ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт во Појасот Газа, групата, позната и како Хути, соопшти дека ќе спречи бродовите поврзани со Израл таа земја да минуваат низ Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб сè додека заврши операцијата во палестинската енклава. Хутите нападнаа десетици цивилни бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од средината на ноември.