(ВИДЕО) Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа ќе трае 30 дена, да нема се движења без потреба

На прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски информираше дека во изминатото деноноќие во Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба поминало мирно и без инциденти.

Спасовски апелираше граѓаните да останат во своите домови и да не ги напушаат без потреба. Додаде дека само еден челн од семејството да го напушта домот со цел да обезбеди намирниците кои недостасуваат.

На новинарско прашање додаде дека кризната состојба во општините ќе трае до 30 денови, а доколку има потреба и потоа ќе биде продолжена.

Постојано во овие подрачја се вршела и дезинфекција со цел спречување на ширење на коронавирусот.