Кризниот штаб прифати укинување на полицискиот час и на ограничувањата за свадби

239

Главниот координативен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на олабавување на рестрикциите. Тие сега треба да поминат уште на владина седница.

Откако ќе ги усвои Владата, тие треба да стапат во сила од среда (16 јуни). Препораките се однесуваат на:

  • укинување на полицискиот час;
  • се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите и прославите;
  • дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од капацитетот на објектот и не повеќе од 1 000 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.