Кризниот штаб во Србија даде препорака да се дадат четврта и петта доза од вакцината

На седницата на Кризниот штаб денеска беше дадена препорака да се дадат четвртата и петтата доза од вакцината против коронавирусот.

Ќе се воведе четврта или втора зголемена доза на вакцина за сите оние над 18 години. Посебно се препорачува за ранливите групи граѓани, како и за оние кои поради вакцината која не е препознаена во сите земји, не можат да патуваат.

Вакцините се препорачуваат за сите луѓе на возраст над 18 години и за оние со поголем ризик, како што се оние постари од 60 години кои имаат хронично заболување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.