Кројф посака шампионска титула за Атлетико (М)

Легендарниот репрезентативец на Холандија и почесен претседател на каталонскиот гигант Барселона, Јохан Кројф го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека Атлетико (М) најмногу заслужува да биде крунисан за нов шампион на Шпанија.

На две кола до крајот на актуелната сезона популарните “јорганџии” имаат три бода повеќе од Барселона, но доколку каталонскиот гигант слави во утрешниот дуел против Елче и во последното коло забележи триумф во ддиректниот дуел против Атлетико (М), избраниците на Херардо Тата Мартино ќе ја одбранат шампионската титула во Примера дивизион.

„Според мене, Атлетико (М) најмногу ја заслужува шампионската титула, би било сосема заслужено доколку следната недела биде крунисан за нов шампион на Шпанија. Доколку не се реализира ова сценарио, фудбалерите на Атлетико (М) ќе мораат да бидат горди на се тоа што го постигнаа во актуелната сезона, горди на постигнатите резултати”, изјави Кројф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.