Кројф повторно ќе зрачи на Ноу Камп

Првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, Жосеп Мариа Бартомеу, потврди дека шампионот на Шпанија сака повторно да оствари соработка со легендарниот репрезентативец на Холандија и миленик помеѓу најверните фанови на Барса, Јохан Кројф.

Холандскиот стручњак остана на ставот дека нема да стапне во клупските простории и на “Ноу Камп” се додека во претседателската фотеља седи Сандро Росел.

Од 2003 до 2010 година, Кројф работеше како стручен соработник на поранешниот претседател на Барса, Јоан Лапорта, за сите успеси кои ги има постигнато како фудбалер и тренер на Барселона, Кројф беше награден со титулата почесен претседател на каталонскиот гигант.

“Остваривме контакт со најблиските соработници на Кројф. Ќе седнеме на преговарачката маса. Кројф е од голема важност за Барселона и полека но сигурно, сите работи ќе си дојдат на своето место”, изјави Бартомеу.