Крос и официјално е нов играч на Реал Мадрид

Германскиот фудбалски репрезентативец Тони Крос и официјално стана играч на Реал Мадрид. Крос ( 24) со кралскиот клуб потпиша шестгодишен договор до 2020 година за кој годишно ќе заработува по шет милиони евра, а трансферот е вреден 24 милиони евра

Крос во повеќе наврати одбиваше да го продолжи договрот со Баварците, кој му истекуваше во 2015 година и затоа челниците на клубот одлучија да го продадат.

„Му се заблагодаруваме на Крос за времето поминато во Баерн . Со него завбележавме голем успех и затоа му посакуваме среќа во новата средина,” изјави извршниот директор на германскиот клуб Карл Хајнц Румениге.

Крос професионланата кариера ја започна во Баерн во 2007 година, а малку време играше и како позајмен во Баерн Леверкузен. Со тимот од Минхен, освои трит титули во германското првенство, како и титулата во Лигата на шампионите.