Крос: Имав договор со Јунајтед, но таму немаше да освојам три титули во ЛШ

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос откри дека бил многу блиску до преселбата од Баерн Минхен во Манчестер Јунајтед во 2014 година.

Сепак, трансферот не успеал и тоа лето стана играч на шпанскиот клуб, со кој ја освои Лигата на шампионите во три последователни сезони.

– Знаев дека Манчестер Јунајтед ме сака. Дејвид Мојс дефинитивно го истакна ова. Беше многу пријатно попладне со многу пријатни луѓе. Разговаравме многу за фудбалската стратегија на Јунајтед, што ме убеди. Конечно, постигнавме усен договор. Јас не сум човек, што се грижи за непредвидени настани. Да, јас бев близу до трансфер. Скоро се преселив во Манчестер Јунајтед, но тоа не се случи. Едно можам да кажам со сигурност: Манчестер Јунајтед не би ја освоил Лигата на шампионите три пати, изјави Крос за „Џи Кју“