Крос расположен за преселба во англиската Премиер лига

Репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Тони Крос повторно ги налути клупските челници и најверните фанови на баварскиот гигант но сега со изјавата дека е можно во новата клупска сезона да настапува во англиската Премиер лига.

„Сите опции се во игра, се уште не сум ја донел мојата последна одлука околу мојата иднина. Јас не можам да сокријам дека сум фан на англиската Премиер лига и дека е можно таму да ја продолжам мојата кариера”, изјави одличниот играч за врска.

Во изминатите неколку недели Крос постојано е поврзуван со трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед, но англиските медиуми се убедени дека освен “црвените ѓаволи”, официјална понуда за неговите услуги и тоа не помала од 25 мил. фунти ќе испрати и сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо.