Кршел дома, бил агресивен кон сопругата – уапсен за семејно насилство

Вчера во 20 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Т.М.(39) од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 37-годишна сопруга дека се однесувал агресивно кон неа и ја оштетил покуќнината во семејниот дом.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.