Крстаноски: 300.000 граѓани ја искористија мерката за купување на дворно место по евро за метар квардатен

Зоран Крстаноски на денешната трибина „Отворено со Комисијата за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека голем дел од економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше посветена на реформи, активности и мерки во делот на земјишнита политика.

Потенцираше дека постапката за приватизација на градежното земјиште и постапката за денационализација биле двете мерки кои го одбележаа владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие постапки сами посебе нормално дека имаат посебно значење за секој оној, кој што е засегнат со тие, бидејќи приватната сопственост како уставно загарантирано право е темел за се натаму што треба да се развива од економски аспект. Самото стекнување приватна сопственост не би значела ништо, или не беше ефектуирало толку да не беше толку добра економската политика и сите тие мерки и активности, кои што како Влада ги преземавме во изминатиот период“, истакна Крстаноски додавајќи дека тие донесоа бенефит во развојот на индустријата.

Ова, според него, дала можност за многу фирми кои користеле мали простори да ги прошират своите капацитети, а тоа секако се одразило на поголема побарувачка на работници.

„Започнувајќи ја таа постапка за приватизација со редица мерки кои што беа имплементирани една по друга дојдовме до оној рекордно ниво на ниска невработеност. За жал, она што денеска го гледаме, мене ми е искрено жал што не можеме да направиме некоја споредба во сето тоа, можеме едноставно само да го кажуваме и да ги потсетуваме граѓаните за она што се реализираше во изминатиот период“, посочи Крстаноски.

Потенцираше дека од 2009 година Владата одредила цена од 1 евро за приватизацација на метар квадратен. Крстаноски истакна дека две третини од вкупниот број на барања за приватизација на земјиштето биле поднесени откако била поднесена оваа мерка.Според него, до последниот рок поднесени биле 300.000 барања за приватизација на земјиштето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.