Крстот од осветените води во Кичево по третпат го извади Кристијан Врапчароски

Денеска во Кичево на свечената манифестација по повод Богојавление Водици најсреќен беше Кристијан Врапчароски кој го извади светиот Крст од осветените води.

На овој настан учествуваа 28 скокачи, додека најсреќниот од нив не ја криеше својата среќа и задоволство, посакувајќи здравје, среќа, љубов и мир на сите.

Врапчароски крстот го фаќаше во 2018 и 2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.