„Круна“ за кралски успех на Netflix на Еми

„Круната“ (The Crown) и „Дамин гамбит (The Queen’s Gambit) на Netflix, комбинирани со „Тед Ласо“ (Ted Lasso) на Apple TV+, ги освоија главните награди Еми (Emmy Awards) во неделата и станаа првите стриминг платфроми кои го зацврстуваат своето напредување во телевизиската индустрија.

Со годинешните награди Netflix конечно дојде до најпрестижните награди. Нивната серија „Круна“, којашто го прикажува животот на британското кралство семејство, во четвртиот обид ја освои наградата за најдобра драмска серија и е победник на годиншените долеби на Еми со дури седум награди.

Успехот на оваа драмска телевизиска серија на Netflix му овозможи освојување друи 10 награди во креативните категории, откако минисеријата (една сезона) „Дамин гамбит“ однесе уште две серии, а серијата „Халстон“ една.

„Дамин гамбит“ е приказна за шаховското чудо од дететот кое го толкува Анија Тејлор-Џој, а „Халстон“ е приказна за животот на познатиот американски моден дизајнер.

Оливија Колмен и Џош О’Конор, како кралицата Елизабетар и принцот Чарлс во раскошната сага за британското кралско семејство ги освоија признанијата Еми во категоријата за најдобри актери во категоријата телевизиска драма.

Од „Круна“ доаѓаат и најдобрите актери во споредни улоги. Џилиен Андерска е наградена за улогата на порабешната британска премиерка Маргарет Тачер, а Тобијас Мензиес за ликот на починатиот принц Филип.

Серијата е награден и во категориите најдобро сценарио и најдобра режија.

„Сите сме одушевени. Многу сум горд, Многу сум благодарен. Сега ќе се забавуваме“, изјави авторот на „Круна“, Питер Морган.

Но тоа не беше крајот на наградите за Netflix. Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка како проблематична детективк во минисеријата „Мар од Истаун“, додека Ивен МекГрегор победи во истата категорија во улогата на моден дизајнер во министеријата „Халстон“.

За најдобра хумористична серија е прогласена серијата „Тед Ласо“ на стриминг платформата Apple TV+. И за оваа куќ ова е прва поголема награда. Даниел Џејсон Судејкис, ѕвездата и коавтор на серијата притоа е прогласен за најдобар актер во хумористична серија.

Netflix освои вкупно 44 награди, десет во кретѕивните категории и дури 34 во техничките. HBO и неговата услуга HBO Max освоија вкупно 19 награди. И ова е првпат Netflix да освои повеќе Еми од HBO, кој со години доминираше на оваа церемонија.

Disney+ е трет според бројот на наградите со вкупно 14, додека Apple TV+ освои вркупно 10.

Netflix, кој своевремено беше сметан за своевиден вишок во телевизиската индустрија, стана играч во „тешка категорија“ кој има сѐ поголемо влијание во Холивуд.

Агресивното туркање на Netflix во изворните телевизиски програми започна во 2013 година со престижните тв-серии како „Куќа од карти“ и „Портокаловата е новата црна“.

Денес Netflix заработува милијарди долариод своите оригинални серии, создавајќи извонредно стабилна содржинска структура. Но никогаш досега немаше освоено награда за која и да е своја драмска серија пред „Круна“. Другите стриминг платформи ваквата цел ја постигнаа пред Netflix.