Крунисувањето на Чарлс Трети многу помалку гледано од погребот на мајка му

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети на каналите на BBC gо следеле повеќе од 14 милиони гледачи, што е многу помалку од бројот на заинтересираните коишто ги следеле крунисувањето или погребот на неговата мајка Елизабета Втора, објави во неделата јавниот радиодифузер.

Во просек околу 13,4 милиони телевизиски гледачи од вкупно 67 милиони жители на Велика Британија го следеле настанот преку двата главни јавни британски телевизиски канали. Бројот се зголемил на повеќе од 14 милиони во моментот кога на главата на 74-годишиот крал е положена круната, објави BBC.

Погребот на неговата мајка, најдолговечниот британски монарх, Елизабета Втора, во септември минатата 2022 година, пак, го следеле во просек повеќе од 26 милиони гледачи, а во еден момент таа бројка се зголемила на 28 милиони, од кои 18,5 милиони настанот го следеле преку BBC.

За споредба, крунисувањето на Елизабета во 1953-та, првото во историјата коешто е телевизиски е пренесувано, според податоците од Бакингемскиот дворец го гледале 27 милиони жители на Велика Британија, а погребот на принцезата Дијана, првата сопруга на сегашниот крал Чарлс која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, дури 32 милиони гледачи.

Крунисувањето на Чарлс Трети беше подготвувана без премногу ентузијазам, оценува Reuters, а анкетите покажуваа ограничен интерес за неа во заднината на галопирачката инфлација во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.