Крушевчанец приведен за грабежот на банка во Крушево

Едно непознато лице со закана со пиштол вчера одзело пари од вработени во банка во Крушево.

Како што се наведува во дневниот билтен на МВР, случајот вчера во 16:25 часот во Полициска станица Крушево го пријавил П.Т. (36) од Крушево.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

– По наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во дом и помошни простории кои ги користи Т.С.(51) од Крушево, а Т.С. бил приведен во полициска станица во врска со случајот, се наведува во МВР-билтенот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.