7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Крушево го прославува Илинден без атмосфера преплавено од полиција

Невообичаена атмосфера, мал број присутни посетители и граѓани, исвиркување на владината делегацијам беа само дел од денешната слика од празнување на 117 години од Илинденското востание во Крушево, поради што остри критики упатуваат и граѓаните за кои беа присутни денеска на Мечкин камен и во градот.

Имено, според нив, атмосферата од таму била мрачна изразувајќи револт спрема досегашните политики од власта. Како што рекоа, власта не се потрудила доволно за празнување на овој празник поистоветувајќи го празникот со погреб.

„Не е така како што беше порано, вели еден од посетителите на Мечкин камен.

„Не ни се допаѓа, имаме чувство како да сме на погреб, како да не е празник, мислам разбираме дека целата ситуација не е за ова, но можеле барем музика да има, да се потрудат од власта да се одбележи подостоинствено празникот“, изјави една од присутните за Сител ТВ.

Еден од граѓаните вели дека е забележано големо присуство на полициски службеници, додавајќи дека никој од присутните немал намера да прави инцидентит, едноставно дошле да го празнуваат Илинден бидејќи како што вели тој си ја сакаат Македонија.

„Ако не им беше страв од нас Македонците сигурно немаше да имаат како сега што имаат 1.000 и минатата година 5.000 полицајци. Јас не знам од што се плашат? Никој не е ниту вооружен, ниту сме дошле да направиме некаков инцидент. Ние едноставно си ја сакаме сопствената држава, за нас ова е Македонија“, вели тој.

Ниту денешното чествување на Илинден на Мечкин камен не помина без исвиркување на владината делегација и скандирање предавници и порачување дека ова држава има само едно име Република Македонија.