Крушево три дена e без вода за пиење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Крушево Никола Зисов апелира дека веќе три дена локалната власт не може да го реши проблемот со водата во Крушево.

-Во 21 век во време на светска пандемија со КОВИД-19 и во туристичко место граѓаните и угостителските објекти во Крушево се оставени без вода цели 72 часа. Властите рекоа дека овој проблем ќе биде саниран од два до три дена, но очигледно како и за се останато за нив ветувањата и роковите за нив немаат апсолутно никакво значење – вели Зисов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.