Крвав настан во затворот во Скопје: Затвореник со нож прободе друг затвореник

Во 09.20 часот, од страна на еден вработен во затворот во Скопје пријавено е дека околу осум часот, 50-годишниот Џ.M. од Скопје, кој отслужува затворска казна, нападна еден друг затвореник, пренесува порталот на албански јазик Алмакос.

Полицијата информираше дека станува збор за 35-годишниот И.П., исто така, од Скопје.

Користејќи нож, насилникот му предизвикал телесни повреди на другиот затвореник.

Се преземаат мерки за решавање на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.