Крвава драма во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Крива Паланка

Во средата во 13.15 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А., на 52 години од село Осиче, кривопаланечко, затоа што во Меѓуопштински центар за социјални работи во Крива Паланка со остар предмет го нападнал 45-годишниот Г.Ц..

С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.