Крвава кавга меѓу прилепчани, еден заврши во болница

Расправијата меѓу двајца прилечани кулминираше со физичка пресметка, во кое едно лице заврши во болница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 16.30 часот во Прилеп пред маркетот „Тедико“ на улицата Гоце Делчев избила жестока кавга меѓу 38-годишниот А.Р. од Прилеп и 43-годишниот С.Т. од село Г. Коњари.

Во момент на расправање А.Р. извадил нож и му нанел две убодни рани во пределот на градниот кош на противникот.

Полицијата соопшти дека С.Т. е пренесен во прилепската болница,  а А.Р. е приведен во ПС-Прилеп.