Крвава тепачка меѓу членови на СДСМ во Делчево

Жестока и крвава тепачка се случила попладнево меѓу членови на СДСМ во Делчево, дознава НетПрес.

Имено, В.В. претседател на СДСМ во Делчево и сопственик на угостителски објект, за кој негови сограѓани велат дека е дивоградба во центарот на градот, во неговиот локал по кратка вербална расправа за ветено, а не исполнето вработување физички го нападнал сопартиецот Д.П. Наводно, во физичката пресметка нападнатиот добил тешки повреди на лицето и фрактура на носот.

Напаѓачот моментно е во бегство и е недостапен за органите на прогонот. Наводно, бил во добра комуникација со заменик командирот на ПС Делчево. Нашите извори велат дека голема е веројатноста, таа да ги презела работите во свои раце, трудејќи се по секоја цена да го забошоти настанот, наводно барајќи од потчинетите полицајци да ги сменат белешките направени на лице место.

Неофицијалните информации велат дека не се преземаат мерки за обезбедување на напаѓачот, туку дека наводно се вршело притисок врз полицајците и повредениот, со цел да се прикрие нападот и да се забошоти случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.