Крвави напади на Боко Харам: Убија 47 лица

Продолжуваат крвавите напади на озогласената терористичка група Боко Харам од Нигерија.

Вооружени лица од исламистичка група Боко Харам убија вчера 47 лица во напад врз североисточниот град Бама, соопшти полицијата.

Полицискиот комесар од државата Борно го потврди бројот на загинатите.

Тоа е еден од неколкуте крвави напади на екстремистите оваа седмица. Во неделата најмалку сто лица, претежно христијани беа убиени од исламисти во едно село на североистокот на Нигерија.