Докторот Адил Мустафа, предупредува на мноту опасно и ризично сценарио во Мала Речица, доколку брзо не делува правдата.
„И денеска има судир во Тетово кај болницата ’Шендети’. Ризичните сценарија се поддржани од подземјето и ДУИ, од крилото на Муса Џафери, но овојпат конфликтот е меѓу Албанците од Албанија и Албанци од Македонија, каде може да има жртви и тешки последици“, вели Мустафа за новинската агенција на албански јазик ИНА.
Поради ваквата тензична состојба, според др Мустафа, била побарана помош од лидерот на владејачките интегративци Али Ахмети, тој лично да влијае за да се спречи ова ризично сценарио“, додава агенцијата.
Претхоно на 5–ти април, во вооружен инцидент во Мала Речица меѓу две ривалски групи од Куманово, беше убиен Наип Реџепи, додека Саби Реџепи и Флорим Мисини беа тешко повредени.
Четворица од обвинетите за убиството на почетокот на април во Речица се осудени на четири месеци затвор. Ридван Дервиши, Лулзим Битри, Халил Камбери и Сабит Реџепи беа осудени блиску до минималната казна за делото учество во тепачка. Обвинетиот Лулзим Битри, кој е државјанин на Албанија, по отслужуавње на казната ќе има петгодишна забрана за влез во Македонија.