Кси и Макрон ги поддржаа слободната трговија и јакнење на европско-кинеските врски

Кинескиот претседател Кси Џинпинг и неговиот француски колега по должност Емануел Макрон ги поддржаа во средата слободната трговија и јакнењето на врските меѓу Европа и Кина.

Кина и Франција заземаат став против протекционизмот и против „законот на џунглата“, рече Кси на заедничката прес конференција со Макрон во Големата сала на народите. Макрон, истовремено го критикуваше порастот на „стравот и протекционизмот“ ширум светот.

„Нашите трговски практики не ѝ пружаат ефикасна заштита на светската економија. Дали треба да се откажеме од таквиот трговски поредок и да прибегнеме кон унилатерализмот и царините или на законот на џунглата? Дали тоа е исчекор нанапред? Не мислам така“, рече Макрон ден претходно на отворањето на меѓународниот увозен саем во Шангај.

Макрон во средата кажа дека со Кси разговарал за воспоставување „стратешко кинеско-европско партнерство“ за трговијата, науката, културата и заштитата на природната средина.

Потпишани се договори за соработка во областите на нуклеарната енергија, воздухопловството, транспортот, туризмот, спортот и финансиите. Потпишаните договори се вкупно во вредност од 15 милијарди долари, рекол претставник на кинеската влада за новинарите.

 

Парискиот климатски договор е „неуништлив“

Кси и Макрон порачаа дека ќе преземат мерки за заштитата на биолошката разновидност, и го поддржаа Парискиот договор за климата, ден откако САД започнаа со формалното повлекување од овој договор. Двете земји „повторно ја истакнуваат својата поддршка на Парискиот договор, кој го сметаат за непоништлив процес и компас за силно дејствување кон климатските промени“, се истакнува во заедничкото соопштение на кинескиот и францускиот претседател.

Големо мнозинство од обврските преземени со Парискиот договор од 2015 година не се доволни за спречување на сериозните штети кои го предизвикало климатското затоплување, се вели во „апелот 11“, кој го потпишаа 11.000 научници во вторникот. „Климатската криза стаса и се абрзува побрзо отколку што повеќето научници очекуваа“, порачуваат.

Научниците препорачуваат шест чекори кои би требало да ги ублажат најпогубните ефекти од климатските промени: замена на фосилните горива со нискојагледорни обновливи извори; намалување на емисиите на гасовите кои го загадуваат воздухот како метанот; заштита на екосистемите на Земјата; да се јаде претежно храна базирана на растенија, а помалку на производи од животинско потекло; создавање стопанства без користење јаглероди и да се стабилизира светската популација.