Кси му се придружи на Путин во отсуството од самитот на Г20

Кинескиот претседател Кси Џинпинг нема да патува во Индија на претстојниот самит на Г20, соопшти Министерството за надворешни рабори во Пекинг.

Кинеската дипломатија не ги соопшти причините за неодењето на претседателот Кси на самитот во Индија.

Ова не е првпат Кси да го откажува учествто на состанокот на врвот на групата дваесет најразвиени и најголеми економии во развој Г20. Кинескиот челник не присуствуваше ниту на самитот во Рим, поради пандемијата на коронавирусот, но учествуваше преку видео-врска.

Премиерот Ли Кианг ќе ја предводи кинеската делагација, изјави во понеделникот портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг.

Рускиот претседател Владимир Путин, како што објави минатата седмица Кремљ, исто така, нема да патува на самитот на Г20 во Њу Делхи, а Москва ќе ја застапува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Повеќето од челниците на земјите Г20 ќе се сретнат во сабота во Њу Делхи на дводневниот состанок на врвот.

Кина и земјата домаќин на самитот на Г20, Индија, имаат инаку тензични односи, особено поради територијалните претензии на двете страни во пограничната хималајска област. Покрај тоа, тука е и индинското учество во неколку азиско-пацифички форуми предводени од САД чија цел е да го ограничат растечкото кинеско влијание во регионот.

Двете најбројни нации се спорат околу областите јужно од Тибет и на истокот на Индија. Кина тој регион го нарекува Зангнан, а во Индија се нарекува Аруначал Прадеш. Двете земји тврдат дека имаат власт над таа област и имаат различни видувања на границата во планините каде што врвовите достигнуваат и над 5.500 метри.

Овој теротиријален спор доведе и до куса војна во 1960-те години, во кој Кина извојува победа. Во летото 2020 година војниците од двете земји меѓусебно се нападнаа со камења, палки и тупаници во пограничното подрачје, според договор да не се користи оружје во пограничните инциденти, при што имаше и жртви и тешко повредени, што беше најтешкиот инидент со децении.

Неодамнешното објавување на официјални мапи кои покажуват дека Кина полага право на спорните области на копното и морето предизвика негодување во неколку соседни земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.