Кси: Приватните компании треба да бидат „богати и грижливи“ и да придонесуваат за благосостојбата на сите

Кинескиот претседател Кси Џинпинг о понеделникот порача дека посакува приватните компании да бидат богати, но исто така и да бидат од полза за сите и заедно со државните претпријатија да ја споделат одговорноста за постигнување на благосостојбата на сите Кинези.

Кси на состанокот зад затворени врати со владините советници кои го преставуваат деловниот сектор во текот на годишното заседание на кинескиот парламент, ги повикал компаниите и претприемачите да покажат „патриотизам“ и активно да се вклучат во добротворните иницијативи, извести кинеското државно радио.

Приватните кинески и странски компании очекуваа официјален Пекинг да излезе со поединости за намерите како да ја оствари својата цел „заедничка благосостојба“.

Станува збор за препознатливата иницијатива на Кси за намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните, и за тоа како кон тоа може да помогнат приватните компании.

Кинеските претседател навел дека приватните компании би требало поправедно да ги споделуваат плодовите од својот раст со вработените во, како што го нарекол, „општеството на заеднички интереси“.

„Бидете богати и одговорни, бидете богати и од полза за другите, бидете богати и грижливи“, порачал претседателот Кси.

Рекол и дека Кина кон приватните компании и претприемачи ќе постапува како кон „семејството“, ветувајќи дека ќе ги отстрани институционалните пречки коишто им попречуваат на чесно да се борат на пазарот.

Пекинг најави дека ќе го поддржува приватниот сектор кој закрепнува од државните ограничувања поради пандемијата на Covid-19, кои под притисок на мултинационалните компании, западните влади и кинеското население беа укинати во декември.

За тешкотиите со кои во моментов се соочува кинеското стопанство, Кси директно го обвинил ткн колективен Запад.

„Предводен од САД, Западот презема сеопфатни мерки за да го зауздаат растот на Кина поради што сега се соочуваме со предизвици без преседан во нашиот развој“, го цитира Кси државното радио.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.