10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

КСС на нови протести во сабота

Во изминатиот период, како што велатт од КСС, ги исцрпеле сите демократски можности за остварување на социјалната правда преку фер и конструктивен социјален дијалог, па затоа во последните месеци го промени курсот на делување и одпочна со организирање на локални социјални протести.

КСС заедно со своите грански синдикати повикува на приклучување   на активностите за остварување на заедничките социјални барања.

„Нашите основни барања се:

ПРИСТОЈНА ПЛАТА ЗА ПРИСТОЕН ЖИВОТ

-Зголемување на платите во јавниот сектор во висина на процентуалното покачување на минималната плата од 01.01.2019 година, согласно Закон за минимална плата, односно за 25% (прекршен е Законот за работни односи и Законот за минимална плата кои што велат: Доколку настанат социјално економски промени задолжително треба да се усогласат колективните договори во рок од 6 месеци, од кога стапува на сила покачувањето на минималната плата;

ФЕР Е КОГА Е ФЕР ЗА СИТЕ

-Бараме Владата да се откаже од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор и да ги замрзне вработувањата во јавниот сектор, а по природен пат со пензионирање би се намалил бројот на вработени, со што ќе се зачуваат работните места;

ЕДНАКВОСТ ЗА СИТЕ

-Бараме да се признае правото на К-15 исто како и во приватниот сектор;

ПОЧИТУВАН РАБОТНИК ЗА ПОЧИТУВАНО ОПШТЕСТВО

– Целосно почитување на законите и колективните договори со кои сме заштитени како работници;

КСС повикува сите заедно на 08.06.2019 година (сабота) во Скопје со почеток во 11:00 часот, со зборно место пред Порта Македонија да тргнеме до Владата на Република Македонија и преку овој масовен протест да извршиме притисок и по пат на социјален дијалог да ги оствариме нашите барања. Без разлика на политичка, верска и национална припадност, без разлика на образовование, пол и социјален статус, да застанеме под синдикалниот бајрак да манифестираме единство, сплотеност и заедништво. Затоа што, само ова е патот, да ги заштитиме нашите права од работен однос и да ја подобриме нашата економско социјална положба. Ние не заслужуваме да бидеме несреќни. И ние имаме право на подобар живот со достоинство и просперитет. Затоа сите заедно да покажаме дека синдикалната борба никогаш не завршува, дека секогаш ќе се бориме за подобро утре, а тоа го можете само вие затоа што силата на синдикатот е неговото членство.

ДА ЖИВЕЕ КСС , ДА ЖИВЕАТ ГРАНСКИТЕ СИДИКАТИ ПРИ КСС И ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА НАВИСТИНА СМЕ СИЛА НА НОВОТО ВРЕМЕ”