КСС не се повикани на седницата за Законот за работни односи: Нема да го премолчиме овој момент, гласот на работникот мора да се слушне!

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (понатаму: КСС) долго време наназад реагира на манипулацијата и популизмот на работничките права. Од година во година, сето ова, се повеќе придонесува да се кршат работничките права, да се намалуваат, а работникот се повеќе осиромашува и нема сигурност на своето работно место.

– Вчера бевме сведоци на комисиска седница на труд и социјална политика каде што во прво читање беа измените на Законот за работните односи за недела да биде неработен ден. Прво, реагираме на тоа што како најголем синдикат во државата не бевме поканети на таа седница, како што било пракса во многу претходни случаи. Второ, остро ја демантираме министерката Шахпаска дека сме се сложиле со ваквата верзија на измените на ЗРО за недела да биде неработен ден. Трето, бараме итна јавна дебата каде што јавно ќе ги искажеме нашите ставови зошто не се сложуваме со ваквиот предлог закон за недела неработен ден. КСС уште на самиот старт реагираше по однос на ставот 3 дека се прави дискриминација со одредени дејности кои што според природата не можат да прекинат со работниот процес во поглед на другите работници кои што не се набројани во овие дејности, но очигледно преку карактер на помошни или придружни дејности и преку последната алинеја од членот 3 каде што стои и други дејности кои не се опфатени со овој став ќе треба да работат исто така во недела. Јасно укажуваме дека вака повторно се прави манипулација со работникот и се дава можност на работодавачите повторно да го изигруваат законот и да го злоупотребуваат трудот, стои во соопштението на Конфедерацијата н слободни синдикати на Македонија.

Тие велат дека со бајпасирање на ЗРО и измена на Законот за трговија се дозволува работниците во трговијата повторно да работат во недела што само по себе кажува дека Владата повторно подлегнува под притисокот на капиталот за сметка на трудот.

– Се повеќе се гласни работодавачите од градежниот сектор кои исто така бараат недела да биде работен ден, согласно можноста да работат и други помошни и придружни дејности. Изјавата на вицепремиерот Битиќи дека на автопатиштата кои ќе се градат во Македонија работниците ќе работат и по 60 саати, самото по себе покажува дека ова е чиста манипулација и предизборен популизам за сметка на трудот на работникот.
КСС остро се спротивставува на ваквите дејствија и бара итно од сите пратеници да го отфрлат овој закон и да не дозволат повторно уништување на работничките права. Од самиот почеток укажуваме дека работната недела која што ја предвидуваат за одредени дејности не може да биде во работното време од 40 часа неделно и треба да се плаќа дополнително, а не само зголемена дневница за 50%. Наместо грижа за работниците кои што ги изгубија своите работни места и оние кои што работеа без пари кај работодавачите кои што добија државна помош за плати, денеска се соочуваме со повторно одземање на едно работничко право. Грижа за работниците е кога ќе им помогнете да си го остварат Уставното право на годишен одмор и плата кое што знаеме дека во последните години се повеќе и повеќе се нарушува. Грижа за работниците е кога ќе им дозволите со својот труд да ги сервисираат семејните трошоци и да планираат просперитет на семејството. Не претставува грижа да ги тераме секојдневно да одат на работа, а кога ние како синдикат ќе се побуниме дека им се ускратени правата и не им е исплатена плата државата немо да гледа и да молчи пред истото, истакнуваат КСС.

Тие предупредуваат дека нема да го премолчат овој момент и предупредуваат дека ќе одговорат со истата ароганција и дрскост со која се нарушувате работничите права и доколку не се слушне гласот на работникот ќе одговорат многу порадикално од тоа што го правеле досега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.