Куќа изгоре во Лескајца во Охрид

Куќа изгоре во пожар попладнево во охридската населба Лескајца.

Пожарот бил пријавен околу 12:45 часот часот, по што од Територијалнта противпожарна единица било интервенирано со четири возила и десет пожарникари.

Пламенот е изгаснат во акцијата што инаку се одвивала во отежнати услови поради големо количество мебел и најразлични предмети собрани во непосредна околина на објектот на улица „Петар Поп Арсов“, што ги попречувало пожарникарите во пристапот до самиот објект.

Нема информации за повредени лица во пожарот, а причините за неговото избувнување треба да ги утврди истрагата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.