Куќата на Ел Чапо во Мексико се нуди како награда на лото

Мексиканската Влада ја понуди на лото Kуќата во којашто живееше наркобосот Хоакин Гузман, попознат како „Ел Чапо“, пред да избега во 2014 година, е понудена како награда во лотарија од страна на мексиканската влда.

Куќата во Кулијакан, главниот град на североисточната мексиканска сојузна држава Синалоа, е проценета на 3,6 милиони пезоси (184.000 американски долари).

Тоа е дел од понудата награди во вкупна вредност од 12,5 милиони долари, што Владата ги намени за извлекувањето што ќе се одржи на 15 септември, се наведува на интернет-страницата на Националната лотарија на Мексико.

На 16 февруари 2014 година, Ел Чапо избега од таа куќа преку подземен тунел. Тој беше уапсен шест години подоцна, во Синалоа и испратен во затвор. Повторно побегна и повторно беше уапсен во 2016 година. Следната година е екстрадиран во САД, а во јули 2019 година е осуден на доживотен затвор во Њујорк.

Ел Чапо ја издржува доживотната казна во затвор со високо обезбедување  во Колорадо.