Куќата од филмот „Сам дома“ може да се изнајми преку Airbnb

Ноќењето во куќата од филмот „Сам дома“ во американското гратче Винетка, близу Чикаго во сојузната држава Илиноис, од 12-ти декември ќе им овозможи на четворица гости да ги проживеат омилените сцени од овој божикен филмски класик од 1990 година за 2.500 долари, со уште други надоместоци и даноци, преку Airbnb.

Еднодневното престојување во домот на филмското семејство Меккалистер ќе може да се резервира од вторникот во 13 часот, а победниците на наддавањето ќе биде семејството или групата со најбрзи прсти.

Домот е уреден да изгледа слично на оној во филмот од кој ликот на Кевин Меккалестер во толкувањето на Меколи Калкин го направи славен.

Девен Ретреј, актерот кој го играше Баз, постариот брат на Кевин, ќе ги пречека гостите во резиденцијата Меккалистер преку Zoome.

„Можеби сите сме сега постари и помудри, но никогаш не сме престари за празнична веселба. Значи, годинава минете ги празниците, не сами во куќата на моите родители“, вели Баз во промотивното видео.

Кога гостите ќе влезат низ вратата ќе ги дочека црвен тепих и сликите на Баз поставени на ѕидовите.

Ќе уживаат во празнично украсената дневна сона со божикната елка и волнените чизмички обесени над каминот. Посетителите ќе спијат во собата на родителите на Кевин во креветот со балдахин, а на располагање ќе им биде и лосионот за по бричење на таткото, старинското радио-часовник и стариот огромен телевизор. Доколку има деца, достапна е уште една соба за спиење за гостите.

Празните лименки со боја се подготвени за поставување замки, тука е и нездравата храна од 1990-те години, вклучително и најдобрата пица во 30 километри оддалечениот Чикаго, и вечера со свеќи со многи калоричните Kraft макарони и сирење, и средбатата со тарантулата Ексл, миленичето на Баз. Член на тимот на „McCallister Security“ на Баз, ќе ги организира оброците.

Посетителите, исто така, ќе може да го погледаат филмот „Home Sweet Home Alone“ во кој Ретреј ја повторува својата улога, и за спомен ќе понесат комплет „Lego Ideas Home Alone“.

Куќата во предградието на југозападниот брег на езерото Мичиген и денеска е туристичка атракција. И по кус престој на улиците во Винетка и ќе се појават луѓе со фотоапарати кои ја снимаат куќата од филмот „Сам дома“.

Во 2007 година CNN Money ја рангираше Винетка на 4-то место од 25 американски градови со најголем приход и беше опишна како „едно од најдобрите места за живеење“.