Куќен притвор за актерката Силвија Стојановска, осомничена за трговија со дрога

Познатата актерка Силвија Стојановска и едно машко лице В.Б. беа изнесени во 14.40 часот пред судија на претходна постапка во Основниот кривичниот суд и за нив се бараше мерка притвор од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Судијата на претходна постапка Ненад Савески им одреди куќен притвор на осомничените.

Неофицијално, тие се приведени во координирана истрага на три земји под сомневање за меѓународна трговија со дрога и незаконски меѓународни трансакции. Овој случај го води Обвинителство за организиран криминал и корупција, затоа што неофицијално се работи за организирана група која ги вршела криминалните дејствија. Не се посочуваат детали во оваа фаза од постапката и затоа не се знае точната улога на актерката во истрагата.

Во моментов никој од надлежните органи не сака да зборува и најавуваат информации за два до три дена.