Куба испрати помош за борба со коронавирусот во повеќе јужноамерикански земји

Во напорите за спречување на ширењето на коронавирусот во Јужна Америка, Куба викендов и синоќа испрати свои лекари и медицински персонал во Венецуела, Никарагва, Јамајка, Суринам и Гренада.

Викендов, карипската земја испрати своја медицинска бригада и во Италија, како помош за спречување на епидемијата на коронавирусот во Европа.

Во меѓувреме, додека светот е во пандемија, генералниот секретар на ОН денеска ги повика земјите од Г-20 да ги укинат сите санкциите кои ограничуваат доставки на лекарства, медицинска опрема и производи за итна помош, „за да се отстрани опасноста од коронавирусот“.

-Тоа би демонстрирало солидарност со народите во светот, особено со оние кои се најранливи, истакна Антонио Гутереш.