Кубанската вакцина против коронавирусот покажала ефикасност од 92,28 проценти

Вакцината Абдала против коронавирус, развиена од Куба, која е прва развиена во Јужна Америка, покажа ефекасност од 92,28 проценти против инфекцијата. Тоа го соопшти лабораторијата што го разви препаратот.

Центарот за генетско инженерство и биотехнологија, што ја разви вакцината, објаснува дека оваа ефикасност е постигната по три дози. Абдала е во последната фаза на клинички испитувања и мора да добие официјално одобрување од кубанските власти подоцна овој месец или почетокот на јули.

Во саботата, кубанскиот институт за вакцинација Финли објави дека неговиот кандидат за вакцина Соберана 2 покажал 62 отсто ефикасност по аплицирање две од трите дози.

Поради ембаргото, Куба почна да развива свои лекови во 80-те години на минатиот век. Владата сега се надева дека во август ќе бидат вакцинирани 70 проценти од 11,2 милиони жители на Куба, а целото население до крајот на годината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.