Кубица резерва во тимот на Алфа Ромео

Robert Kubica (POL)

Полскиот возач во трките на шампионатот во класата формула 1, 35-годишниот Роберт Кубица во 2020 година ќе биде резерва во тимот на Алфа Ромео, откако коспонзор на оваа швајцарска екипа стана полската нафтена компанија ORLEN, беше објевено во средата.

Кубица својата кариера на возач во формула 1 ја започна во 2006 година токму во тимот на кој му се придружува за 2020 година, уште додека се викаше БМВ Заубер.

„Започнувам ново поглавје во својата кариера со приклучување на тимот на Алфа Роемо ORLEN. Ова е екипа која има посебно место во моето срце и убаво е да се видат познатите лица на кои се сеќавам уште од Хинвил“, објави Кубица,.

По страшната несреќа која за малку не беше фатална во 2011 година, Кубица минатата година се врати во формула 1 како возач во тимот на Вилијамс, но во целата мината сезона освои само еден бод.

Првите два возача на Алфа Ромео во 2020 година ќе бидат Финецот Кими Рајконен и Италијанецот Антонио Џовенаци, кои возеа за овој тим и во текот на минатата 2019 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.